Кети Пери и Миранда Кер на иста фотографија: Поранешната и сегашната сопруга на Орландо Блум покажаа дека се во одлични односи(ФОТО)

popara30 јануари, 20231min00
5795456236b2bd4e63c128eec9dc809837311ec8

Отсекогаш нагласувале дека се модерно семејство

Кети Пери беше една од водителките на „Arts Gala“ во саботата вечерта во Лос Анџелес. Познато е дека пејачката сака да експериментира со својот изглед и обожава необични парчиња облека, како на сцената, така и надвор од неа.

Сега таа избра металик од глава до пети за црвениот тепих. Сјајниот металик топ го спои со соодветно „принцеза здолниште “ до подот. Ја залижа косата наназад во пунџа со неколку залутани прамени на страната на лицето.

На вечерта присуствуваше и моделот Миранда Кер. Во текот на вечерта Кети на Миранда и врачи престижна награда за извонредност во уметноста, а пред да и ја додели наградата заедно се фотографираа. Што е еден од ретките моменти кога поранешната и сегашната партнерка се фотографирале заедно.

Австралискиот модел – кој претходно беше во брак со Орландо Блум од 2010 до 2013 година и имаат 12-годишен син – воодушеви во гламурозен бел миди фустан кој ја следеше линијата на телото. Таа зрачеше стар холивудски гламур, а нејзините бранови во косата само дополнително го надополнија тоа.

Миранда Кер претходно зборуваше во шоуто на Дру Баримор за тоа како развила силна врска со сегашната сопруга на Орландо поради сите семејни настани што ги имаат.

Screenshot 2023-01-30 154433
Screenshot 2023-01-30 154448

– Кога станува збор за посебни прилики кога треба да бидеме заедно, тоа го решаваме така што  имаме компромиси за тоа што е најдобро за целото наше семејство – изјавила тогаш Миранда, а пренесува Дејли Мејл.

Кер зборуваше и за блиската врска на нејзиниот син со Кети:

– Многу добро се согласуваат. Ние сме модерно семејство.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag