Селена Гомез ги загрижи фановите, се тресеше додека снимаше видео: „Тоа е од лековите“

popara31 јануари, 20231min00
o_27779021_1280

Селена Гомез мораше повторно да проговори за нејзината дијагноза откако корисниците на TikTok беа вознемирени поради нејзиното тресење во видеото што го објави.

Музичарката и актерка објави видео од нејзината рутина за шминка и нега на кожата на TikTok, а следбениците забележаа дека нејзините раце многу ѝ се тресеа кога се обиде да истури малку мицеларна вода на пешкирот.

Подоцна, ѕвездата од „Only Murders in the Building“ ја објасни ситуацијата.

„Хаха, се тресам од лековите за лупус. Исто така, прочитајте го disclaimer-от, јас не сум професионалец во ова“, напиша таа во коментар на видеото објавено од друг корисник.

Таа беше дијагностицирана со автоимуната болест лупус во 2014 година. Според дефиницијата, лупус се јавува кога имунолошкиот систем на телото ги напаѓа сопствените ткива и органи.

@selenagomez

PSA I got most of these products free. I ain’t just rolling like that everywhere. Use any serum to take off make up before washing. It breaks it up nicely. Also use a sponge to wipe eyes to treat eyes delicately when removing make up. K I’m done pretending I know what I’m taking about.

♬ Never Be Me – Miley Cyrus

Воспалението предизвикано од лупус може да влијае на различни телесни системи – вклучувајќи ги зглобовите, кожата, бубрезите, крвните клетки, мозокот, срцето и белите дробови.

Во 2017 година, Гомез беше подложена на трансплантација на бубрег. Во 2022 година, таа зборуваше за нејзината борба со болеста во документарниот филм „Selena Gomez; My Mind & Me“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag