Датумот на излегување на „Мајкл“ се уште не е објавен, но режисерот напиша дека „доаѓа наскоро“.
Џафар Џексон доби ja доби улогата на неговиот покоен вујко, Мајкл Џексон, во претстојниот биографски филм кој ќе го документира животот на пејачот.
Џафар, кој е син на братот на Џексон, Џермејн, е најавен како дел од актерската екипа на филмот. Антоан Фукуа, кој го режира биографскиот филм Мајкл, вели дека е „горд што го најавува Џафар како Мајкл и дека тоа е кинематографски настан што го истражува патувањето на човекот кој стана крал на попот“.
Датумот на премиерата на „Мајкл“ сè уште не е објавен, но Фукуа напиша дека „доаѓа наскоро“.
Во најавниот пост, Џафар ја рекреира Џексоновата кореографија додека го носи заштитниот знак на кралот на поп музиката – федора шеширот. Џафар пее од 12-годишна возраст, а својот прв оригинален сингл „Got Me Singing“ го објави во 2019 година.
Зборувајќи за улогата, која ја означува неговата прва голема актерска улога, Џафар напиша во својата објава на социјалните мрежи:
„Чест ми е што можам да ја оживеам приказната на мојот вујко Мајкл. До сите фанови ширум светот, се гледаме наскоро“.
Во изјава за „Variety“, мајката на Мајкл Џексон изјави дека Џафар ќе го глуми кралот на попот.
„Толку е прекрасно да се види како го продолжува наследството на Џексон како забавувач и изведувач“, вели таа, а пренесува „NME“.