
Техниката на суво потстрижување постои веќе некое време, но сведоци сме на враќање на трендот. Кога косата е свежо измиена, таа се однесува поинаку. Сувото сечење значи дека можете да видите како реагира косата, како се бранува и витка, и можете веднаш да ја видите нејзината форма.
Стилистите за суво шишање можат да почнат да ја кратат косата веднаш штом ќе пристигнете во салонот, додека вашата коса е сè уште сува, или тоа може да го направат откако ќе ви биде измиена, исушена и стилизирана. Во повеќето случаи, стилистите само сакаат да се справат со вашата коса додека таа нема насобрани производи.
Кога ќе дојдете во салонот на суво шишање, треба да имате доверба во вашиот стилист. Додека традиционалниот стилист се фокусира на прецизноста кога работи со влажна коса, стилистот што сече сува коса најверојатно ќе има полиберален пристап.
– Не се работи за ножици или чешел, туку за гледиште на фризерот – изјавил познатиот фризер Герет Маркенсон за „Mane Addicts“.
– Не користам ни чешел за суво шишање. Навистина сакате вашата слободна рака да ги почувствува густината и слоевите. Нема врска со искуство или талент.
Има многу придобивки од сечењето на сува коса и тие не се ограничени на типот или текстурата на косата.
– Сакам да шишам сува коса кога мојата клиентка сака однапред да ја види трансформацијата на косата, наместо да биде изненадување кога ќе се исуши – изјави фризерката Кели Карбахал.

Сепак, нема сомнеж дека ова е особено корисно кога станува збор за кадрава коса. Тоа е затоа што типовите на кадрава и брановидна коса често имаат специфични модели на виткање. Сечењето на овие влакна додека се мокри ризикува да создаде нерамномерен изглед откако ќе се исушат.
– Со кадрава коса, можам да бидам попрецизен и да работам со форми подобро отколку кога косата ми е мокра – изјави Карбаил за Ipsy.
– Ова ми овозможува да видам како се движи косата во својата природна состојба. Сечењето на сува коса е исто така корисно за оние со оштетена коса. Стилистот може да се фокусира на отстранување на поделените краеви, на пример, без да ги допира здравите нишки.
– Ако некој има фина или оштетена коса, можам да видам што може да остане, а што треба да оди – објасни Карбаџал.