ТРИК НА ИСКУСНИТЕ ДОМАЌИНКИ! Го ставаат ова во барабанот на машината за перење и се воодушевуваат по миењето

popara1 февруари, 20231min00
660783_laundry-6179799-960-720_f

Искусните домаќинки споделија трик кој го олеснува перењето на алиштата, во барабанот на машината ставаат влажни марамчиња кои ја собрираат целата нечистотија од облеката.

Сите знаеме колку често перењето алишта може да ни предизвика главоболка, бидејќи се случува некое парче облека да ја ослободи бојата и да ги уништи сите останати работи. Исто така, се случува од одредено парче да паѓаат влакна кои се лепат за другите работи. Затоа, некои домаќинки на социјалните мрежи споделија интересен трик кој ќе ни ја олесни оваа работа.

Во барабанот на машината за перење ставаат предмет што сигурно не го очекувавте – влажни марамчиња. Резултатот е изненадувачки и ги оставил без зборови. Марамчињата како магнети ги собираат сите влакна, трошки и други нечистотии од облеката.

Важно е да се нагласи дека пред да ги ставите марамчињата, проверете дали лесно се кинат, за да не се случи тоа при перење. Ако се доволно силни, вметнете ги без размислување.

Исто така, имајте предвид дека не треба да ставате повеќе од три марамчиња во барабанот, бидејќи тоа е сосема доволно за да се собере целата нечистотија од машина што може да измие седум килограми алишта.

Ако не ви се допаѓа мирисот, тогаш најдобро би било да ги купите оние кои не се парфемирани. Или можете едноставно да ги натопите марамчињата во омекнувачот што вообичаено го користите пред да ги ставите во барабанот.

БОНУС СОВЕТ:

Ставете две или три топчиња од алуминиумска фолија во машината за сушење, бидејќи така вашата облека ќе изгледа многу подобро.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma