Состојки:
300 гр телешко месо
1 кромид
1 корен од целер
2 моркови
3 компири
2 лажици брашно
250 мл кисела павлака
1 жолчка од јајце
1 ловоров лист
1 лажица сечкан магдонос
Подготовка:
На масло пропржете ситно сечкан кромид. Додадете го месото исечено на коцки и почекајте да се ослободи сокот. Истурете вода да биде со прст над месото и динстајте на умерен оган околу еден час. Ако течноста испари, додадете уште вода. Излупете го и ситно исечкајте го зеленчукот, па ставете го во супата. Додадете сол и бибер, и додадете 2 литри вода. Кога чорбата е готова, направете тесто од брашно пропржено на малку масло, па оставете се да се готви уште 20 минути. Во готовата супа додадете павлака со изматена жолчка и ситно сечкан магдонос.