Обожавателите на Шерон Стоун не можат да се договорат дали нејзиниот изглед е погодок или потполно промашување, со тигрест фустан и огромни, слоевити алки.
Шерон Стоун, американска актерка, родена на 10-ти март 1958 година, важеше за една од најубавите холивудски диви.
Иако таа несомнено го задржа својот став и елеганција, многумина би се согласиле дека нејзините години полека се забележуваат.
Сепак, судејќи по нејзиниот најнов стајлинг, би се рекло дека познатата уметница му се спротивставува на стареењето, макар и преку необичните креации.
Таа се појави на гала вечера, по повод 25-годишнината од постоењето на козметичка компанија, во фустан со тигрест дезен. Под фустанот имаше патент т.е. жица што правеше пуфкаст пад од половината надолу, додека струкот беше затегнат со помал корсет.
Огромните слоевити алки го комплетираа целиот изглед, што исто така предизвика контроверзии на социјалните мрежи. И додека некои се воодушевени од ова нејзино издание, други сметаат дека тоа воопшто не и одговара на речиси 65-годишната жена.
Сепак, она што е дефинитивно непобитно е дека најубавото нешто кај неа е нејзината насмевка и харизма, кои никогаш нема да ја напуштат.