Селена Гомез го покажа своето „вистинско лице“: Пејачката позираше без филтри и шминка, цел свет ги споделува нејзините слики

popara2 февруари, 20231min00
selena1-830x0

Пејачката објави неколку селфи фотографии на Инстаграм без трошка шминка. Така нејзините следбеници можеа да видат како таа изгледа без среден тен и со мозолчиња на лицето

Селена Гомез е една од ретките пејачки која не се крие зад филтри, фотошоп или слоеви шминка. Наместо тоа, таа гордо покажува како изгледа во природно издание.

Пејачката сега објави неколку селфи фотографии на Инстаграм без трошка шминка. Така нејзините следбеници можеа да видат како таа изгледа без среден тен и со мозолчиња на лицето.

Под сликите таа накратко напиша:

– Јас.

selena1-830x0
selena-830x0
selena2-830x0

Со ова покажа дека нема проблем да го покаже своето „вистинско лице“ и девојките да сфатат дека и таа не е совршена и дека, како и сите други жени, има денови кога нејзината кожа не е во најдобро издание.

„Ти благодарам, ти благодарам што си пример за младите девојки. Им покажуваш дека можат да бидат убави и без гламур“, „Сите познати девојки треба да се угледаат на тебе“, се дел од коментарите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma