Голем број на комерцијално достапни дезодоранси содржат состојки кои можат да ја иритираат вашата кожа, а понекогаш дури и да му наштетат на вашето општо здравје.
Ако сакате да бидете сигурни за тоа што ставате на вашата кожа, едноставно направете свој целосно природен дезодоранс.
Состојки:
– 10 гр пчелин восок
– 40 гр сода бикарбона
– 40 гр пченкарен скроб
– 40 гр кокосово масло
– 25 капки есенцијално масло со мирисот што го сакате (исто така можете да комбинирате масла и да создадете мирис по ваш избор).
Подготовка:
Ставете го восокот да се стопи на пареа. Откако ќе се растопи, додадете го кокосовото масло од фрижидерот и мешајте додека не се растопи. После тоа, додадете го пченкарниот скроб, па сода бикарбоната и на крај етеричното масло.
Сè добро измешајте и сипајте во силиконски калап или стар дезодоранс, кој претходно е измиен и дезинфициран со алкохол.
Затворете со капак и оставете да стои цело време во фрижидер.
По употреба повторно вратете го да стои во фрижидер.