Првиот состанок е возбудливо, но и подеднакво нервозно и стресно искуство кое може да ве натера да се однесувате неприродно.
И двете страни се подеднакво загрижени дали ќе се претстават во најдобро светло, но ако сте сигурни дека го давате максимумот од себе, а сепак мажите како да исчезнуваат после првото гледање, можеби правите некоја од следниве 9 грешки:
- Како една од темите за разговор при запознавањето го спомнувате бракот, се шегувате на сметка на веренички прстени, бурми, деца, свадбени церемонии…
- Детално навлегувате во секоја ситница од вашата работа, додека мажот ве слуша и ништо не ве разбира.
- Опседнати сте со секоја нотификација која ќе ви пристигне додека сте на состанокот.
- Не се нудите да платите, да ја поделите сметката, да си одите сами до дома…
- Не правите напори за разговорот да продолжи, па наместо тоа молчите и чекате тој да ви постави прашање.
- Зборувате со бебешки глас.
- Постојано наоѓате замерки за локалот каде сте, за услугата, пијалакот кој ви е послужен…
- Не возвраќате на комплиментите и не знаете да ги прифатите.
- Претерувате со контролирањето на секоја ситница во текот на вечерта.