Пол Рад се смета за еден од најубавите актери, а тој ја доби и официјалната титула за тоа кога магазинот „People“ го прогласи за најсексапилниот маж на светот во 2021 година.
Актерот не криел дека бил во шок кога му бил доделен тој епитет – „најубав“, а како што тогаш рекол, тој сметал дека има и поубави актери од него:
„Свесен сум дека луѓето кога ќе слушнат дека јас ја добив таа титула ќе кажат: Што? Ова не е лажна скромност. Постојат толку луѓе кои требаше да го добијат овој епитет пред мене“, изјавил низ шега Пол.
Тој сега открил во што е тајната на неговиот младолик изглед, покрај генетиката, смета дека сè останато е многу едноставно:
„Луѓето ќе наместат аларм, ќе спијат четири часа и ќе станат да тренираат. Си прават себеси „мечкина услуга“. Доколку отспиете осум часа, сè сте направиле. Дури потоа доаѓа исхраната, па теговите и кардио вежбите“, истакнал Пол за магазинот „Men’s Health“.
Доколку се сеќавате на овој актер од неговите денови од младоста ќе забележите дека тој навистина малку се променил. Инаку, актерот стана познат кога се појави во серијата „Friends“ каде го толкуваше ликот на момчето на Фиби (Лиса Кудроу), а на крајот во серијата се венчаа.