Еден збор ги опишува сите: Пет работи кои ги прават среќните парови различни од другите

popara3 февруари, 20231min00
Ljubavni-par-2048x1365

Секогаш се трудат и настојуваат постојано да се изненадуваат еден со друг

Еден збор е доволен – интимност. Да интимност, толку незгоден и несмасен збор. Но, што всушност значи тоа? Ќе ви кажеме што не значи. Интимноста не е само гушкање и бакнување пред, за време и после секс. Вистинската интимност се протега надвор од сексот и се однесува на длабока лична врска помеѓу две лица.

Трајната интимност (таквата што ги поврзува луѓето) бара да се гледа личноста онаква каква што е, со сета нејзина несовршеност. Ако сте спремни да сакате некого поради неговите несовршености, а не и покрај нив, тоа е вистинска љубов. Значи, вашата цел во бракот е да ја воспоставите таа длабока врска со сопружникот.

Споделуваат чувствителни работи едни со други

Ранливоста често се меша со слабост. Но, таа е токму спротивното од тоа. Таа е она што е важно во бракот и што ве поврзува. Кога си дозволувате да бидете ранливи пред партнерот, всушност му дозволувате да ја знае суштината на вашето битие. Се друго се маски и како се претставуваме пред другите. Споделувањето на чувствителните работи е она што ја прави разликата.

Разиграни се како деца

Старата поговорка вели: „Парови што се разиграни заедно, остануваат заедно“. И сега науката го потврдува тоа. Но, зошто е важна разиграноста? Од едноставна причина што работите како плаќање кредити и сметки изгледаат помалку оптоварувачки во тој случај. Разиграноста ве потсетува какви сте биле како дете и не дозволува да заборавите дека треба да се смеете и да уживате во животот.

Тие постојано се трудат

Дарежливоста и великодушноста ја отстрануваат конкуренцијата од врската. Во таква ситуација исчезнува „табелата резултати“ што сите ја постигнале и на нејзино место доаѓа поддршка и сочувство. Кога постојано го давате најдоброто од себе на вашата сакана личност, таа чувствува дека има крилја и дека може да постигне се. Затоа, давањето не смее да биде присутно само за да се добие нешто за возврат, туку од срце.

Повторно и повторно се изненадуваат еден со друг

Изненадувањата вдахнуваат живот во нашите врски создавајќи ги тие мали неочекувани магични моменти. Елементот на изненадување внесува еден вид „добра драма“ во нашите животи, што помага да се држиме подалеку од досадата и рутината што на сите им е добро позната. На почетокот на врската, па дури и бракот, сигурно постојано му приредувавте мали изненадувања на сопругот, но не треба да застанете тука, бидејќи тоа е тајната на среќните парови.

Не дозволуваат било што да ги раздели

Социјалните мрежи, работата, обврските околу децата и многу други работи во текот на денот имаат тенденција да го одземат вашето внимание од сопружникот. Еден куп одвлекувања речиси да не ви оставаат доволно време за вашата сакана личност.

Но, не е важно количеството на време, туку како го поминувате тоа време. Доволни се само неколку минути во текот на денот за навистина да бидете присутни, да игнорирате се останато (затоа што нема да ви побегне) и да му се посветите на сопружникот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag