„Улогата ја добив благодарение на гатачка“: Метју Меконахи откри како започнала неговата кариера

popara4 февруари, 20231min00
Screenshot_10

Актерот Метју Меконахи раскажал што го поттикнало да ја прифати улогата во филмот „How to Lose a Guy in 10 Days“.

 

 

 

Во разговор за „Vanity Fair“, рекол дека благодарение на јасновидец ја прифатил улогата во филмот од 2003 година.

 

„Се сеќавам дека една вечер додека шетав по Сансет Булевар, размислував дали да го направам тоа или не. Одеднаш, еден тип се појавува од никаде, беше гуру за предвидување на судбината, и вели: ‘Може ли да ви ја предвидам вашата судбина на кратко?’“, се присетил актерот.

„Веднаш ми кажа: ‘Во моментов размислувате за еден филм. Тоа е романтична комедија. Морате да ја прифатите улогата или тоа ќе биде едно од најголемите каења во вашиот живот. Ќе биде фантастично, неверојатно искуство и ќе заработите многу пари’“, раскажал Метју што му кажал јасновидецот.

 

Актерот веднаш помислил дека студиото го ангажирал мажот за да му го каже тоа, но потоа започнал сериозно да размислува за таа улога.

 

„Мислам дека уште следниот ден ја прифатив улогата“, вели Меконахи.

 

Кејт Хадсон го предложила за улогата

Главната улога, покрај Меконахи, требало да ја игра Гвинет Полтроу, но откако отпаднала таа идеја, истата ѝ припаднала на Кејт Хадсон. Токму Кејт предложила Метју да ја добие улогата.

 

„Баравме момци и постојано размислувавме за тоа кој би бил вистинскиот. Тоа за мене беше многу важно. Метју се појави на состанокот и мислев дека тоа е одлична идеја. Ја сакав неговата енергија, веднаш едноставно се разбравме“, изјави Хадсон во една прилика.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma