Ѕвездите на хит серијата „Game of Thrones“ го чекаат своето второ дете

popara5 февруари, 20231min00
profimedia-0491332133-830x0

Кит Харингтон, кој е најпознат по улогата на Џон Сноу, и неговата сопруга Роуз Лесли го очекуваат своето второ дете.

Актерот ја потврди среќната вест во петокот на „The Tonight Show“ со Џими Фалон.

Парот веќе има дете, двегодишен син, кој сега, како што вели актерот, се подготвува за доаѓањето на брат или сестра.

– Се трудиме да го подготвиме за тоа, му го покажуваме стомакот и му кажуваме дека внатре има ново бебе – изјави Кит во споменатата емисија.

Харингтон, кој се прослави со улогата во серијата „Game of Thrones“ и Лесли, која ја глуми неговата прва љубов во серијата, се запознаа за време на снимањето.

Медиумите првпат ги поврзаа во 2012 година, а нивната врска ја официјализираа четири години подоцна, во 2016 година. Тие се венчаа во 2018 година во Шкотска.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma