По обвинувањата за сексуално злоставување на аутистична девојка, пејачот реши да проговори: Поднесува противтужба

popara5 февруари, 20231min00
Screenshot_13

Пејачот на култниот бренд „Backstreet Boys“, Ник Картер поднел противтужба против две жени кои го обвиниле за сексуално злоставување и сексуален напад.

 

 

 

 

Во прашање е Шенон Рут, која во декември минатата година го обвини пејачот, тврдејќи дека ја силувал во 2001 година, кога таа имала само 17 години.

 

Рут, која е аутистична и има церебрална парализа, наводно во тужбата навела дека се заразила со HPV и дека бара оштета, но не е познато колку пари бара.

 

Другата жена Мелиса Шуман, го обвинила пејачот дека ја силувал во 2002 година. Судот ја отфрлил тужбата поради застареност во 2018 година. Во меѓувреме станала активистка која им помага на жртвите од сексуално насилство.

 

Според тоа што го пишуваат американските медиуми, пејачот тврдел дека двете тоа го направиле за да изнудат пари од него и дека ништо од тоа не е вистина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma