Бијонсе заглавила во сообраќај, Бен Афлек пак стана меме – смешни и непријатни моменти од Греми 2023

popara6 февруари, 20233min00
Screenshot_4

Овогодишното доделување на Греми наградите помина без скандали, но сепак имаше смешни и непријатни моменти. „Ѕвезда“ на вечерта дефинитивно беше Бен Афлек, кому очигледно му било многу досадно за време на церемонијата, па уште еднаш стана меме.

 

 

 

 

Бен Афлек дефинитивно е личноста која инспирира најмногу мемиња, а не разочара ни на овогодишното доделување на Греми наградите.

 

50-годишниот актер присуствуваше на доделувањето на наградите со сопругата Џеј Ло, но во текот на целата церемонија изгледаше како да му е навистина здодевно.

 

Покрај смешните изрази на Бен, доделувањето го одбележаа и други интересни, но и непријатни ситуации.

 

Дел од моментите што ги одбележаа Греми наградите и мемињата што ги инспирираа:

Популарната видеоигра Assassin’s Creed Valhalla доби статуетка за најдобра музика за видеоигра, но презентерот не можеше да го изговори името

Кога Хари Стајлс освои награда, актерот Мајлс Фрост, кој беше презентер, не беше воопшто воодушевен во споредба со другите победници

 

Бијонсе победи во категоријата најдобра R&B песна, но бидејќи заглавила во сообраќај, не успеа да ја прими наградата

 

Па, и Бијонсе стана инспирација на мемиња: „Мојот израз кога ќе дојдам доцна на работа со кафе во раката“.

 

Хари Стајлс се сопна додека ја изведуваше As It Was, а поради аутфитот почнаа да го споредуваат со Едвард Кулен од серијалот Twilight, заедно со добропознатиот цитат кој е меме сам по себе: „Ова е кожата на убиец, Бела“.

 

„Џеј Зи изгледаше како горд татко, додека The Rock (Двејн Џонсон) презентираше“.

 

„Бен Афлек повторно е Бен Афлек меме“.

 

„Бен Афлек на Греми наградите“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma