Процентот на калиум и магнезиум во бананите е една од главните причини зошто тие треба да се јадат пред спиење. Тоа се два минерали кои помагаат во опуштање на мускулите и овозможуваат поквалитетен сон. Исто така содржат и триптофан, една од есенцијалните масни киселини кои на телото му се потребни за синтеза на протеини.
Триптофанот поттикнува производство на серотонин кој природно го смирува телото, пренесува Remedy Daily. Незрелите банани содржат многу повеќе скроб, кој е одговорен за чувството на ситост и се претвара во шеќер.
Зошто ако патите од дијабетес, незрелата банана би била подобар избор за вас.
Позитивната страна на зрелите банани е тоа што помагаат во пробавата, токму поради тоа што скробот се претвара во шеќер, па затоа се одличен избор за оние кои патат од лоша столица. Постојат и многу зрели банани кои луѓето ги избегнуваа поради тоа што тие стануваат темни. Тие се преполни со шеќер кои настанал од скроб, но исто така тие се преполни со антиоксиданси кои го штитат телото од слободните радикали, го успоруваат стареењето, го намалуваат холестеролот, го намалуваат ризикот од рак, го штитат срцето и крвните садови…се се ова добри причини да ја вметнете бананата во секојдневната исхрана во облик на ужина или касна вечера.