Ким Кардашијан ѝ помага на ќерката да направи фризура: Како и секоја жена дома – без шминка, со врзана коса и во наметка

popara8 февруари, 20231min00
xfwtfb70339rxktp33js

Ким и нејзината најстара ќерка Норт често споделуваат видеа на Тик Ток каде можат да се видат како поминуваат време заедно.

Сега на нивниот заеднички профил споделија слатко видео од Ким како ја средува косата на својата ќерка.

Ким се обидува да ја стилизира косата со четка, лак и гел додека разговараат заедно. Сепак, на крајот тие само се свртеа кон музиката и почнаа да танцуваат.

@kimandnorth

Hairstyle of the day ❤️

♬ Good Days – SZA

Во видеото можеме да ја видиме Ким во сосема природно издание, без шминка како што обично ја гледаме. Ријалити ѕвездата носи црна домашна наметка, а косата и е едноставно врзана во опуштено опавче.

Кардашијан ја дели Норт со нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест. Парот, чиј развод беше финализиран во ноември 2022 година, има уште три деца, Сент (7), Чикаго (5) и Псалм (3).

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma