Бијонсе не се откажува од позицијата на моден пример.
Секој чекор во оваа комбинација привлекуваше безброј комплименти и не тера да заборавиме на бројот на години на оваа прекрасна пејачка.
Една недела по вечерта на музичките награди „Греми“, каде ѝ беше врачена 32-та по ред и со тоа влезе во историјата како пејачка со најмногу победи, таа објави фотографии на Инстаграм профилот @beyonce во нова виолетова комбинација.
Таа ги спои спортот и модата носејќи спортски топ во комбинација со моментално најпопуларниот модел на карго панталони. Изборот на облека го заокружила со долг капут кој го следи стилот и бојата на остатокот од стајлингот.
Она што и дава посебен шмек на нејзината комбинација се интересните неонски портокалови дезени на чипканиот ремен и прерамките на горниот дел. И чантата вешто ја следеше оваа светла боја.
Таа си поигра со косата, не криејќи ја нејзината завидна должина и волумен, па се одлучи за забавни и секогаш тренди бранови.
Но, нешто недостасува на овој аутфит. Се разбира, накит! За да го украси деколтето, таа стави неколку прекрасни ланчиња кои се редат од вратот до деколтето на горниот дел. А не беа заборавени ниту обетките, класика – големи алки.
Дека уживала и се чувствувала одлично во оваа комбинација се гледа и на нејзиното весело, насмеано и како и секогаш нежно и природно нашминкано лице.
Може да се каже дека секогаш ја исполнува задачата, но овојпат е вистинска модна инспирација.