Доколку немате идеја што да подготвите за вашите најблиски, можете да направите полнети пиперки со пилешко и ќе имате вкусен оброк.
Состојки:
3 големи пиперки
250-300 гр печурки
300 гр пилешко филе
1 лажичка зачин за пилешко
1 чешне лук
200 гр тврдо сирење
200 гр јогурт
магдонос
Подготовка:
Исечете ги пиперките на половина по должина, па исчистете ги. Печурките и белото месо исечкајте ги на коцки. Ставете го месото во сад, зачинете со сол и бибер, посипете со зачинот за пилешко и прелијте со маслото.
Измешајте, па додадете го сечканиот лук. Посолете ја и попбиберете секоја половина пиперка, па премачкајте ја со масло.
Додадете малку печурки, па изрендано тврдо сирење, премачкајте со јогурт, а потоа додадете го белото месо. Повторно премачкајте со јогурт и посипете со сирење.
Наредете ги пиперките во тепсија и печете ги на 180 степени околу 35-40 минути. Готовите пиперки посипете ги со сечкан магдонос.