Докажан начин за убивање бактерии
Најчесто не сме ни свесни колку се валкани одредени предмети во станот. Во мијалникот може да се најдат огромен број бактерии, а еден микробиолог направил експеримент и резултатите ги објавил на својот профил на Тик Ток.
Дури и по чистењето на мијалникот останале 45.000 бактерии!
Брашното може да ви помогне да ги елиминирате бактериите. Првото нешто што треба да го направите е да го исчистите и дезинфицирате мијалникот, а потоа да го исушите со сува крпа или салфетка.
После тоа, во мијалникот, со крпа втријте брашно на површината (посипете околу 1/4 чаша брашно).
Не плакнете, туку со крпа отстранете го остатокот од брашното.
Брашното има двојна улога – ќе ви помогне беспрекорно да ја исполирате површината, но и ќе ја апсорбира влагата, што е идеална средина за развој на бактерии.