На вчерашен ден во 1940 година, премиерно била прикажана првата епизода од она што подоцна ќе стане култна цртана серија – Том и Џери.
Том и Џери се анимирани ликови од истоимените кратки цртани филмови, создадени во 1940 година. Филмовите го прикажуваат ривалството меѓу Том, мачорот, и Џери, глувчето, кои постојано се обидуваат да се надмудрат, влегувајќи во низа комични и необични ситуации.
Вилијам Хана и Џозеф Барбера биле првите сценаристи и режисери на овие цртани филмови. Првиот цртан филм во кој се појавија Том и Џери бил наречен „Puss Gets the Boot“ (Мачката доби оѕказ) и бил емитуван на 10-ти февруари 1940 година.
Во него не се споменуваат имињата ниту на Том ниту на Џери и се верува дека тие биле именувани подоцна кога веќе било одлучено да се направи цела серија. Популарните мачка и глушец ќе се појават во над 110 цртани филмови, од кои седум добија Оскар за најдобар краток анимиран филм.
„Мачката доби отказ“ веќе беше првиот цртан филм кој беше номиниран за оваа престижна награда, но не ја доби таа година бидејќи статуата отиде кај друг цртан филм на „MGM“ наречен „Milky Way“. Но, номинацијата беше доволна за продуцентот на студиото за анимација да даде зелено светло за производство на цела серија цртани филмови за Том и Џери.