Луј Витон претстави нова чанта во форма на колаче на судбината, чија цена е 2.310 долари.
Чантата беше претставена како дел од колекцијата пролет/лето 2023 година и е изработена од телешка кожа. Како што може да претпоставите, во чантата има скриена порака. Се продава во малку необична, проѕирна ПВЦ амбалажа, која, се разбира, наликува на пакувањето во кое се продаваат овие колачиња. Бројни инфлуенсери побрзаа да го купат овој „must have“ моден додаток.
Сепак, оваа чанта е распродадена и на сајтот и во бутиците, па многумина сега се на листа на чекање со надеж дека ќе биде повторно достапна. Луј Витон се уште не објави дали планира да издаде дополнителни копии.
За да ја надополни оваа необична чанта, брендот создаде и приврзок по цена од 585 долари, кој исто така е распродаден.