Модата и сите нејзини промени се нешто на што сме навикнати со децении. Трендовите отсекогаш се менувале, па денес носиме нешто што било многу актуелно пред 30 години, додека сакаме да заборавиме што сме носеле пред пет или десет години.
Меѓутоа, денес модата има уште една посебна форма, конкуренција за тоа кој ќе биде поекстравагантен, за кого повеќе ќе се пишува. Бевме толку шокирани од познатите гумени папучи со високи потпетици или прескапиот модел на стаклена чанта, но вакво нешто сигурно не можевме да замислиме.
Шпанската луксузна модна куќа Loewe лансираше нов модел на потпетици кои наликуваат на салонки или кој било друг модел (во зависност од тоа што ќе одберете) од предната страна, додека нивната потпетица е направена да потсетува на надуван балон. Не е лесно да се опише овој тренд, па затоа најдобро е да ја погледнете фотографијата.
Тие не застанаа тука, па создадоа и обувки кои наликуваат на чанта. Во секој случај, на вас останува да одлучите дали и во која пригода би ги носеле овие модели.
Според креаторот, можете да ги комбинирате како и досега, без дополнително размислување и на секој човек ќе му дадат нова доза на екстраваганција.