Поп-ѕвездата реши да проговори веднаш откако медиумите објавија дека пејачката е во лоша форма. Имено, странските медиуми во четвртокот објавија дека во текот на неделата се планирала интервенција за Бритни која би ја затворила два месеци во нејзината куќа за да се опорави. „Ме боли тоа што е дури и легално луѓето да измислуваат приказни дека за малку ќе умрев. Веројатно ќе морам да престанам да објавувам на Инстаграм затоа што иако уживам, очигледно има многу луѓе кои не ми посакуваат добро. Искрено, воопшто не сум изненадена“, напиша Бритни.
На јавноста ѝ се обрати и нејзиниот сопруг Сем Ашгари кој рече дека тоа не е вистина и дека не треба да се грижат за нејзиното здравје. „Мојата сопруга целосно го контролира својот живот и ќе продолжи да ги носи сите одлуки што ја вклучуваат нејзината грижа без оглед на околностите“, рече Ашгари. Оваа четириесет и едногодишна пејачка подоцна на својот профил објави демант дека повеќе нема менаџер или планира да има. Како што наведува, моментално пие само антидепресиви и води исклучително досаден живот.