Животот никогаш не бил побрз од овој денешниот. Премногу обврски и премалку време влијае на сечиј живот. Затоа понекогаш немаме време да подготвиме домашна супа, наместо тоа посегнуваме по оние од кесичката. Добивате четири чинии супа за неколку минути и изгледа како одлична замена.
Но, доколку често ги консумирате, треба да знаете неколку работи. Составот на супата од кесичката не е многу добар за нашето здравје, бидејќи содржат многу сол и тестенини од бело брашно. Тоа значи дека процентот на јаглехидрати е зголемен, а посебен проблем претставуваат транс мастите, односно хидрогенизираните растителни масти и засилувачите на вкусот.
Високата концентрација на транс масти, шеќер и сол може да ги оштети клетките и да го зголеми ризикот од воспалителни процеси во телото.
Ако јадете супи од кесичка два до три пати неделно, тоа не е добро. Избегнувајте често консумирање на овие супи.