Марго Роби знае како се носи мини здолниште за во исто време да изгледате одмерено и заводливо!

popara13 февруари, 20231min00
margot-robbie-1-830x0 (1)

Австралиската актерка Марго Роби (32) е фотографирана во одлично издание додека одела на отворањето на барот „The Mulberry“ во Њујорк.

Ѕвездата на филмот „Вавилон“ облекла црно мини здолниште кое го искомбинирала со длабоки црни чизми, што беше добитна комбинација за едно вечерно излегување на Менхетен.

Марго, која двапати беше номинирана за Оскар, носеше и класична бела кошула, а на рамениците обви долг црн капут, пишува „Дејли мејл“.

Ова нејзино издание е доказ дека црно-белата комбинација е победничка кога сакате да изгледате елегантно, привлечно, но пред се префинето и женствено.

Косата, која сега е во потемна нијанса отколку што сме навикнати да ја гледаме, беше пуштена, а на лицето носеше шминка во природен тон.

Својот накит го сведе на минимум, носејќи ја само бурмата.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma