ЗАБРЗАЈТЕ ГО МЕТАБОЛИЗМОТ! Овие намирници ќе ви помогнат да ги стопите килограмите

popara13 февруари, 20231min00
621503_avokado_f

Луѓето со бавен метаболизам често имаат проблем со дебелината. Затоа е важно да конзумирате кајсии, авокадо и боровинки за да го забрзате.

Метаболизмот е исклучително важен за функционирањето на сите органи, како и за различни процеси во телото. Благодарение на неговото дејство, клетките во телото се обновуваат, се формираат ензими и се поддржуваат респираторните функции.

Кога метаболизмот не функционира на соодветно ниво, освен разговор со ендокринолог, важно е да се внимава и на начинот на исхрана.

Постојат одредени намирници кои можат да го поттикнат забрзувањето на метаболизмот, а американската докторка Еди Хорстман го истакнува следново:

  1. Кајсии

Содржат магнезиум, железо, калиум и растителни влакна кои позитивно влијаат на организмот. Без разлика дали ги јадете суви или свежи, тие се одличен извор на влакна. Влакната ги разградуваат масните киселини и на тој начин се грижат за здравјето на дигестивниот систем. Исто така, влакната од кајсиите преку дигестивниот систем ја поттикнуваат работата на метаболизмот, па се одличен избор за ужина за оние кои се на диета. Во исто време, ефектот може да се види од употребата и на свежи и на суви кајсии.

  1. Авокадо

Совршен извор на здрави масти и магнезиум. Исклучително е богато со влакна, помага при слабеење и го намалува нивото на шеќер во крвта. Го забрзува метаболизмот и го регулира апетитот.

  1. Боровинки

Тие содржат витамини К1 и Ц, манган, витамин Б6, Е и бакар. Боровинките имаат низок гликемиски индекс и го контролираат нивото на шеќер во крвта, богати се со диетални влакна и позитивно влијаат на метаболизмот.

Докторката забележува и дека урамнотежената исхрана кај здравите луѓе го доведува метаболизмот до совршена брзина и му помага на телото да остане во добра форма, без многу труд и одрекување. Покрај горенаведените намирници, таа на листата на намирници кои го поттикнуваат метаболизмот ги додава и чили пиперките и спанаќот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma