Која е Софи Лојд? Гитаристката ја обвинуваат дека е одговорна за раскинувањето на Меган Фокс и Машин Ган Кели (ФОТО)

popara14 февруари, 20231min00
b11f8c860b6f8a7a2683afcb0ae9ce705d5e644c

Дали Кели ја изневери убавата Меган?

Додека се обидуваме да сфатиме што се случило помеѓу вчерашните вереници Меган Фокс и Машин Ган Кели, обожавателите копаат за да го пронајдат виновникот. Едно име кое се погласно се споменува е Софи Лојд, а таа е гитаристката од бендот на рокерот.

Судејќи според профилот на Меган на Инстаграм, една од најубавите жени во светот навестува „неволји во рајот“.

Таа ги избриша сите заеднички фотографии, а заедно со видеото на кое се гледа запалено писмо, го напиша и следново:

„Можете да ја почувствувате неискреноста, таа е насекаде во вашиот здив“, оставајќи доста материјал за шпекулации.

Таа потоа отиде чекор подалеку бришејќи го својот драг од социјалната мрежа. Сето горенаведено доведе до тоа луѓето да се посомневаат за можно изневерување, а името на Софи веднаш го привлече вниманието на фановите во коментарите.

„Веројатно се сплеткал со Софи“, мислејќи на Софи Лојд, гитаристката од брендот на Кели.

По ова навестување, некој друг напиша: „Тие двајца многу флертуваа на почетокот, кога таа почна да свири со него“.

Меѓутоа, Меган ги отфрли овие претпоставки одговарајќи на еден обожавател дека можеби токму таа се „сплеткала со неа“.

За сите оние кои се заинтригирани од атрактивната русокоса, која е всушност Софи Лојд?

Оваа 26-годишна музичарка ја започнала својата кариера како „YouTube“ сензација. По потекло од Англија, таа како тинејџерка го привлече вниманието на јавноста со рок и метал кавери. Таа потоа доби покана од Кели да му се придружи на турнејата „Bloody Valentine“ минатата година, и оттогаш е во неговиот бенд. Како што многумина забележуваат, тие изгледаат одлично заедно на сцената.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma