Сите сакаме да ги чуеме овие магични зборови, но никогаш не смееме да ги изговараме доколку навистина не ги мислиме. Ако се сомневате дека неговото „Tе сакам“ не е искрено, или, пак, дека само бил понесен од моментот, погледнете ги следниве 5 знаци кои ќе ги потврдат вашите сомнежи…
- Во врска сте помалку од 3 месеци
Секако дека постојат исклучоци, ако на пример секоја секунда од тие 3 месеци сте ги поминале заедно и партнерот имал доволно време за да развие длабоки и силни чувства кои би можеле да се наречат љубов. Но, генерално, доколку партнерот ви каже „Те сакам“, а во врска сте помалку од 3 месеци, можно е тој да ја има заменето љубовта со некое друго слично чувство.
- Сѐ уште не сте имале сексуални односи
Ако сѐ уште не сте спиеле заедно, а партнерот веќе ви кажал дека ве сака, бидете внимателни. Можеби со тоа само сака да ве намами во кревет. Кога мажите за прв пат велат „Те сакам“ за време на сексот или пред да сте имале сексуални односи, постои можност дека тој да не размислил добро за значењето на овие зборови и да не ги мисли навистина.
- Не сте поминале доволно време заедно за да создадете добри темели за врска
За да засакате некого вистински, морате да поминете доволно време заедно со таа личност и добро да се запознаете. Изразот „љубов на прв поглед“ можеби би требало да се промени со „заљубеност на прв поглед“ бидејќи за навистина да засакате некого е потребно време. Треба да го запознаете карактерот на таа личност, бидејќи тоа е основата за развивање на цврста врска која ќе трае.
- Тој не е подготвен да се врзе
Многу девојки мислат дека зборовите „Те сакам“ се доказ дека партнерот е подготвен да се врзе. Меѓутоа, тоа не е секогаш така. Ако тој ви изјави љубов, но тие два збора не се согласуваат со неговата волја и намера да се врзе, можеби тој не е сосема искрен со вас. Кога мажите велат „Те сакам“, жените никогаш не помислуваат дека тој всушност мисли „Така се чувствувам во овој момент“. Жената ги сфаќа тие зборови како знак дека мажот е подготвен за сериозна врска и дека сака со неа да го помине остатокот од неговиот живот.
- Вие не сте ни приближно подготвени да му кажете дека го сакате
Доколку вашиот партнер ви каже дека ве сака, а вие не го чувствувате истото, тогаш веројатно тој ви изјавил љубов премногу рано. Поради тие зборови жената може да почне да размислува дали таа врска навистина ќе трае и дали е во ред да му го троши времето на мажот кој неа веќе ја сака, а таа не може да му го возврати истото. Премногу рано изговореното „Те сакам“ може да ја уништи врската која инаку би имала убава иднина. Ако сметате дека вашиот партнер избрзал со неговото „Те сакам“, најдобро е отворено да разговарате со него. Прашајте го зошто ве сака и дали тоа значи дека е подготвен за сериозна врска. Ако неговата љубовна изјава е искрена, ќе можете да разговарате за тоа, но ако вашето прашање го исплаши, тоа значи дека тој не бил искрен.