Вистинската причина зошто Ријана не беше платена за настапот на Супербоул

popara14 февруари, 20231min00
Screenshot_10

Ријана триумфално се врати на сцената на Супербоул со нејзиниот прв соло настап по седум години – изведе фантастичен миниконцерт кој без сомнение ќе влезе во историјата на шоуто за полувремето на големиот спортски настан.

 

 

 

Настапот на Ријана имаше повеќе од доволно елементи за паметење – таа изведе некои од нејзините најпознати хитови, па направи пауза на средината на настапот за да си го напудри носот со производ од нејзината линија Fenty Beauty и да му открие на светот дека со A$AP Rocky го очекуваат второто заедничко дете. Но, што заработи од настапот на Супербоул?

 

Шоуто на пејачката родум од Барбадос лесно се може да се спореди со неодамнешниот камбек на Бијонсе на сцената во Дубаи – едночасовен настап за кој наводно ѝ биле платени 35 милиони долари. Може ли финансиски да се споредат двата настапи?

 

Можеби ќе ве изненади фактот дека артистите всушност не добиваат хонорар за настапот на Супербоул, а Ријана сигурно немаше да биде првата отстапка.

 

Како Лејди Гага, Шакира, Џенифер Лопес, Бијонсе и други пред неа кои ја краселе најпознатата светска сцена во финалниот плејоф на НФЛ – ни Ријана не доби хонорар за настапот.

Причината е едноставна – шоуто на полувремето на Супербоул е една од најгледаните содржини на сите времиња, со речиси 100 милиони гледачи ширум светот. Речиси е загарантирано дека артистот кој бил избран ќе има огромен скок на слушаност, стримување и преземање на неговите/нејзините песни и секако ќе добие нови договори за настапи и концерти од кои ќе има приход во иднина.

 

Настапот на полувремето на Супербоул е повеќе за имиџ и репутација отколку за пари. НФЛ не им плаќа на изведувачите хонорари за настапот, но покрива сите трошоци за изведувачите и нивната придружба од раководството на членовите на бендот, техничката екипа, безбедносниот персонал, семејството и пријателите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma