Ријана на Супербоул настапи во комбинезон: Деталите на неа се вредни повеќе од милион долари

popara15 февруари, 20231min00
rihanna-20-830x0

Ријана на полувремето на Супербоул настапи во не баш гламурозна комбинација од комбинезон и сако, меѓутоа нејзиниот аутфит заедно со модни додатоци чини неверојатни 1,2 милиони долари.

Нејзиниот настап на Супербоул е тема на речиси сите медиуми и социјални мрежи, а пејачката привлече внимание и со своето модно издание.

На стадионот „State Farm“ таа се појави во црвено издание со кое го истакна трудничкото стомаче и откри дека чека второ дете со раперот АСАП Роки.

Ријана носеше црвена јакна „Alaia“ и комбинезон „Loewe“ со нагласен дел над градите. На ова издание таа додаде патики „Maison Margiela x Salomon Cross“, како и бројни парчиња накит. На нејзиниот зглоб имаше часовник „Jacob & Co“ кој чини 72.000 долари благодарение на ременот и дијамантската рамка, која е украсена со 360 парчиња скапоцени камења.

Сепак, најскапото парче што го носеше беше прстенот „Bayco“ со рубин од 19,47 карати и исечени тркалезни дијаманти во платина и жолто злато од 18 карати. Претставник на брендот откри за Page Six Style дека вреди неверојатни милион долари.

Носела и обетки чија вредност се проценува на 12.000 долари, а имала и три „винтиџ“ дијамантски брошеви вредни 135.000 долари.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma