Кокосовото масло спаѓа во групата на здрави масти и може да се употребува и во исхраната и во козметички цели. Лауринската киселина која е составен дел на ова масло е главниот “виновник” за придобиивките кои му се препишуваат. Всушност, кокосовото масло е сотавено од 50% лауринска киселина. Оваа киселина е составен дел на мајчиното млеко, така што јасно е зошто кокосовото масло е толку ценето во денешно време. Лауринската киселина е носител на антивирусните, антибактериските и антигабичните својства кои ги поседува.
Во продолжение 5 начини како да го користите кокосовото масло за здравје и убавина:
1) Задолжителна намирница во секојденвната исхрана
Придобиките од секојдневното козумирање по една мала лажичка кокосово масло се огромни. Ова масло ја зголемува одбрамбената способност на организмот, го зголемува нивото на HDL холестеролот, има неверојатна моќ врз функционирањето на тироидната жлезда, а исто така помага во подобро функционирање на целокупниот кардиоваскуларен систем. Кокосовото масло многу лесно се апсорбира и содржи помалку калории од другите билни масла. Посебно е ценето поради тоа што дава чувство на ситост и го забрзува метаболизмот.
Како да го употребувате?
Кокосовото масло може да го користите како замена за путер во подготовка на разни слатки и колачи. Може да го користите дури и во утринското кафе, во смути или овошна салата. Користете го како додаток на овесна каша така што кашата ќе добие поголема нутритивна вредност и подолго време ќе ве држи сити.
2) Природна паста за избелување на забите
Во овој рецепт главни “играчи” се сода бикарабона и кокосово масло. Измешајте еднаква количина од двете состојки и по желба можете да додадете и некое етерично масло за подобар мирис. Четкајте ги забите со оваа смеса барем еднаш дневно.
3) Хранлив пилинг за тело и лице
Измешајте еднаква количина на кокосово масло и шеќер. Масирајте го лицето и телото со овој пилинг. Резултатите се неверојатни, со пилингот ќе ги отстраните мртвите клетки и ќе ја нахраните кожата. Практикувајте го овој пилинг два пати неделно за максимални резултати. Уште по првиот третман ќе ја забележите разликата, кожата ќе ви биде свежа, мазна, мека и еластична.
4) Регенератор за коса
Стопете 2 лажици кокосово масло и измешајте го со една лажица масло од рузмарин. Дури сместа е топла убаво нанесете ја по целата должина на косата. Завиткајте ја косата со топол пешкир и оставете го маслото 1 час да делува. Потоа исплакнете со шампон. Дополнително наместо да користите капки за испукани врвови, користете го кокосовото масло за таа цел. Мала количина од маслото растопете на врвовите од пристите и нанесете на оштетените врзвови.
5) Отстранувач на шминка
Не е потребно да трошите пари на конвенционални препарати за отстранување шминка. Стопете мала лажичка од кокосовото масло и нанесете ја на памукче, потоа убаво исчистете ги очите. На овој начин лесно ќе ја отстраните и водоотпорната маскара. Дополнително ќе ја нахраните кожата без да ја ириртирате со стандардните козметички сретства за отсранување шминка кои содржат многу штетни хемиски супстанци. На крај ако ви остане од маслото нанесете го на трепките или втријте го по рацете и ноктите.