ДОМАШЕН НАМАЗ ОД МАСЛИНКИ! Подобар од купечкиот, а доста поевтин

popara16 февруари, 20231min00
369221_x7_f

Ако сакате да направите намаз од маслинки, тогаш треба да знаете дека не само што вашиот ќе биде повкусен, туку и доста поевтин.

Состојки:

две шолји зелени маслинки

три филети инчуни

половина шолја ореви

половина шолја босилек

половина шолја магдонос

четвртина шолја капар

чешне лук

половина чаша маслиново масло

кора од помал лимон

сол, бибер

Подготовка:

Во блендер се ставаат маслинките, па се додаваат инчуните, оревите, босилекот, магдоносот, капарот, лукот и ренданата кора од лимон. Кратко изблендирајте.

Постепено додавајте го маслиновото масло и мешајте додека не се добие еднолична смеса.

Додадете сол и бибер по вкус, а потоа префрлете го намазот во претходно стерилизирана тегла и чувајте го во фрижидер до десет дена.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag