Мразот во корист на убавината? Кои се студените трикови кои ги освоија социјалните мрежи

popara16 февруари, 20231min00
shutterstock1059223088-830x0

Дали мразот и студот станаа врвни „помошници“ на убавината? Од промовирање на сјај, цврстина и циркулација на крвта до борба против отоци, темни кругови, брчки, па дури и зголемени пори: придобивките од студот се чини дека се безброј кога станува збор за убавината.

Почнувајќи од 2021 година, придобивките од студот за кожата се меѓу најдискутираните теми на социјалните мрежи, а инфлуенсерите за убавина ги споделуваат своите совети кои ги комбинираат ефектите на студот со оние на добро познатите состојки за нега на кожата како алое вера или краставица.

Придобивките од студот се добро познати во индустријата за убавина. Студот помага во согорувањето на мастите и отстранувањето на токсините, а ја подобрува и циркулацијата на крвта. Згора на тоа, студот може да делува и како деконгестив, што го прави идеален сојузник во борбата против отокот и темните кругови.

На почетокот, се работеше за ставање креми, маски и други козметички производи во фрижидер неколку минути за да се подобрат нивните придобивки, но тоа сега отстапи место на појавата на нови совети и трикови за убавина кои ги подигнаа коцките мраз на ниво на најважните работи за убавина.

Сега има десетици и десетици хаштагови поврзани со овие трикови за убавина, кои вкупно имаат неколку стотици милиони прегледи на ТикТок. Некои совети ги споделуваат и дерматолозите, кои исто така укажуваат на некои ограничувања за користење на мраз, особено во однос на чувствителноста и сувоста на кожата.

На „ТикТок“, едноставното триење на коцки мраз по лицето е најраспространета практика и најпопуларна (23 милиони прегледи).

Но, сега има многу варијации на оваа тема, како што е замрзнатата краставица, која вклучува нанесување замрзната краставица на лицето (39 милиони прегледи), замрзнатиот кармин (со празна туба за кармин – 400.000 прегледи) или замрзнатиот сунѓер за пудра , кој ветува дека ќе го олесни нанесувањето на основата (9,7 милиони прегледи).

Најновата вирална лудост е замрзнатата алое вера, која овојпат се состои од правење коцки мраз од алое вера за комбинирање на разладувачките ефекти со навлажнувачките својства на растението (3,2 милиони прегледи), пишува „Premium beauty news“.

Овие едноставни трикови и нивната секојдневна употреба можат да влијаат на побавното стареење и смирување на воспалителните процеси, но ништо нема да може да го замени одењето на дерматолог, козметичар и користењето основна нега.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma