Се сеќаваме на романтичните изданија на Ен Хатавеј на црвените килими, а сега актерката реши да изненади
Промената во стајлингот на Ен Хатавеј доаѓа сосема неочекувано, но во склад со актуелната мода која целосно ги воодушеви познатите личности.
Убавата актерка се појави на црвениот тепих на Берлинскиот филмски фестивал и изгледаше прекрасно. Ен облече целосно проѕирен фустан со црна кожа. Одоздола имаше боди во беж боја, а изгледот го комплетираше со кожени ракавици.
Косата ја собра во уредна висока пунџа со пуштени шишки, а целиот изглед го заврши со интересни црни салонки.
Ен покажа дека може да изнесе секаков стил и дека можеме да го очекуваме неочекуваното.