Ако мислите дека долготрајниот секс е фантастичен, тогаш овие трикови дефинитивно ќе ви бидат корисни.
Искористете го времето за предигра на најдобриот начин
Ако предиграта обично трае 10 до 15 минути, разговарајте со партнерот и обидете де да го зголемите времето на половина час. Притоа посебно внимание обрнете на бакнувањето, допирите, еротската масажа и оралниот секс.
Не брзајте никаде, само уживајте. Колку подолго издржите без пенетрација, толку сексот ќе биде пожесток и попријатен. Тоа може да влијае и на траењето на љубовниот однос.
Мастурбирајте пред секс
Тоа ќе помогне да ја ослободите насобраната возбуда и ќе ви биде попријатно да почнете одново. Вториот оргазам дефинитивно ќе се покаже подолг и посилен од првиот.
Подобро е да мастурбирате неколку часа пред сексуалната интимност или мастурбирајте секој пат кога ќе почувствувате наплив на сила и енергија.
Употреба на лубриканти
Лубрикантите за ладење или кондомите се спас за паровите кои успеваат да го прекинат сексот пред работите да се вжештат. Користете ги за да ја продолжите интимноста и оргазмот.
Сепак, не сите го сакаат чувството на ладење на гениталиите, па затоа не се препорачува оваа метода да ја применувате постојано.