ТОА Е ЉУБОВ: Актерската легенда гледа во деколтето на помладата жена – и после 23 години брак!

popara19 февруари, 20231min00
8480faebcff80b397a10896140929efc4b08e26b

Мајкл Даглас (78) и Кетрин Зета Џонс (53) се појавија неодамна на премиера на филм во Лондон. Убавата Кетрин пленеше со својата женственост и изглед, во долга, елегантна тоалета во јоргован боја.

Изгледа дека и на својот сопруг му изгледаше многу заводливо, бидејќи Мајкл не го тргаше погледот од неа, поточно нејзиното деколте. Фотографиите кои беа направени по овој повод го обиколија светот, па на сите им беше интересно како славниот актер и по 23 години брак се уште е вљубен во својата сопруга.

Важат за еден од најстабилните холивудски бракови, а разликата во годините, дури 25, воопшто не им пречи.

Кетрин и Мајкл се запознале на фестивалот во Довил далечната 1998 година, а убавата

Велшанка истата вечер го шармирала холивудскиот ветеран, додека, како што е наведено, неа не ѝ се допаднал на прв поглед.

Даглас половина час откако се запознале ѝ рекол дека тој ќе биде татко на нејзините деца, на што Кетрин одговорила: „Знаеш, слушнав многу за тебе. И мислам дека е време да си кажеме добра ноќ“.

Една година подоцна се верија, а останатото е историја. Двојката имаше две деца, ќерка Керси и син Дилан, додека Мајкл го има и синот Камерон од првиот брак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag