Рижото со шафран (Risotto alla Milanese) е веројатно еден од најпопуларните рецепти за рижото. Кремасто и вкусно, спаѓа во едно од традиционалните италијански јадења.
Состојки:
600 мл пилешка супа
15 прамени шафран
4 лажици путер
2 супени лажици маслиново масло
2 чаши ориз
половина чаша бело вино
1 кромид
50 гр пармезан сирење
Подготовка:
Додадете шафран во половина чаша топла супа и оставете го настрана. Остатокот од супата одржувајте ја топла на ниска температура.
Во длабока тава пропржете го кромидот во две лажици путер и маслиново масло додека не стане проѕирен. Додадете го оризот во тавата и сè добро измешајте, а потоа истурете го виното и варете додека не испари целата течност. Додадете ја супата од шафран и сè варете околу две минути со постојано мешање.
Постепено додајте го остатокот од супата и варете додека оризот не омекне, но внимавајте да не се превари, околу 15 минути. Тргнете ја тавата од оган, додајте ги преостанатите две лажици путер и пармезан и послужете додека е уште топло.