Природно решение: Три купки за отечени стапала

popara21 февруари, 20231min00
632511_shutterstock-1646845840_f

Ќе почувствувате олеснување

Отечените нозе најчесто се резултат на задржување на водата во ткивата на долните екстремитети, но ни се случува и ако сме преморени, стоиме или седиме премногу. За да се реши овој проблем, доволно е да направите купка.

Купка со прашок за пециво во оризова вода за отечени нозе

Веројатно не сте знаеле дека и оризот и прашокот за пециво се одлични за извлекување на течности од зглобовите и стапалата. Сварете го оризот и додадете две кесички прашок за пециво. Купката треба да биде топла (не жешка), а во неа држете ги стапалата додека не се излади целосно.

Исто така, можете да направите паста на сличен принцип, со додавање на голема количина прашок за пециво во оризовата вода и мешање додека не се згусне за време на варењето. Нанесете ја пастата на болни и отечени зглобови и држете ја дваесет минути, а потоа исплакнете со млака вода.

Отечените нозе ќе ги смири зелка и јаболков оцет

Двете намирници имаат способност да промовираат елиминација на вишокот вода наталожена во телото, која „се слева“ во нозете при долго стоење. Најдобро е листовите зелка да ги ставите во вода да отстојат петнаесетина минути, а потоа да ги обвиткате околу нозете. Вака обложените нозе ставете ги во леген во кој сте направиле раствор од вода и три лажици јаболков оцет. За половина час ќе почувствувате огромно олеснување.

Комбинација од млеко и сода бикарбона

Освен што ќе ве релаксира, ја хидрира кожата и ги отвара порите, оваа купка делува и на регулирање на pH рамнотежата на вашите клетки. Сварете млеко во количина од една поголема шолја, истурете го во млака вода и додадете три големи лажици сода бикарбона. Оставете ја купката да биде топла и држете ги нозете во неа дваесетина минути, а потоа нежно масирајќи исплакнете ги со обична вода. На овој начин ќе спречите и појава на габи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma