Кејт Бланшет и Џулијан Мур заблескаа во црно на доделувањето на БАФТА наградите

popara21 февруари, 20231min00
dzulijan-mur-i-kejt-blancet-830x0

Познатите актерки Кејт Бланшет (53) и Џулијан Мур (62) се појавија на доделувањето на наградите БАФТА кое се одржа синоќа во Лондон.

Покрај Кејт Мидлтон која го привлече целото внимание во прекрасен бел фустан, со својата појава пленија и Кејт и Џулиен.

Легендарната актерка Кејт Бланшет им се заблагодари на своите најблиски кога ја доби наградата за улогата во филмот „Tar“. Како што рече, посебна благодарност им должи на својот сопруг Ендру Аптон како и на нивните деца Дашиел, Роман, Игнатиус и Едит за нивната поддршка затоа што таа поминала многу време надвор од куќата на снимањето на овој филм.

Кејт како и секогаш зрачеше со елеганција – облече црн фустан на модната куќа „Maison Margiela“.

Над фустанот, Кејт имаше наредени ѓердани од модната куќа „Louis Vuitton“, кои ги стилизираше Елизабет Стјуарт. Ова е фустанот што Кејт веќе го носеше на Оскарите во 2015 година.

Од друга страна, нејзината колешка, актерката Џулијан Мур исто така се одлучила за црна тоалета, која ја украсила со бела наметка од пердуви.

Исто како и Кејт, Џулиен исто така воодушеви со својата прекрасна фигура, а шлицот на фустанот на Ив Сен Лоран ги откри нејзините витки нозе и високите потпетици што ги носеше актерката.

Џулијан Мур беше стилизирана од Кејт Јанг, а додатокот од бело пердув од ној ја донесе целата театралност што ја бара црвениот тепих.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma