„Немаше изневерување“: Меган Фокс се враќа на Инстаграм по раскинувањето со Кели

popara21 февруари, 20231min00
profimedia-0754338952-830x0

Актерката од „Трансформери“ – Меган Фокс, објави порака на Инстаграм образложувајќи ја нејзината љубовна врска со Машин Ган Кели.

 

 

 

Објавата на Меган гласи: „Нема „трето лице” вмешано во нашата врска. Иако мразам да ви ги нарушувам вашите измислени вести, кои би биле подобро напишани од ChatGP, најдобро би било да престанете со секакви шпекулации и да ги оставите невините луѓе на раат“.

Фокс најпрво навести дека нејзината врска со МГК е прекината откако таа објави негова фотографија од семејно насилство и го избриша од нејзините профили на социјалните мрежи.

 

Сепак, Меган и Кели беа неодамна видени како ја напуштаат зградата за “советување на парови”.

На фотографиите на Daily Mail се гледа како 36 годишната актерка ги брише солзите одејќи до нејзиниот партнер. Според гласините, ѕвездите поминале час и половина во зградата, поточно кај советникот, и потоа си заминале во посебни возила.

 

Исто така, на фотографиите може да се забележи дека Меган повеќе не го носи вереничкиот прстен.

 

„Меган се уште е вознемирена, но не се откажува од врската“, тврди инсајдер.

 

„Кели го чувствува истото. Тие добиваат стручна помош бидејќи сакаат работите да се подобрат.”

 

Нивната врска започна во 2020-та година на сет на снимање на Midnight in the Switchgrass. Се верија во јануари 2022 година. Оттогаш, нивната врска е константно променлива.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma