Мадона им одговори на критичарите на нејзиниот изглед: „Погледнете колку сум слатка сега“ (ФОТО)

popara21 февруари, 20231min00
3dc58de5e561321871497391ad3bae47a8864232

Мадона го сака сегашниот изглед

Во последно време Мадона се почесто е мета на критики во врска со нејзиниот изглед. Нејзиното неодамнешно појавување на Греми само ја поттикна приказната за тоа какви интервенции правела за да го врати својот младешки изглед.

Сепак, кралицата на попот секогаш има што да каже, па овој пат се пошегува на своја сметка. Таа сподели твит кој изгледа беше наменет за оние кои упатиле непријатни забелешки за нејзиниот изглед.

– Погледнете колку сум симпатична сега кога отокот од операцијата падна – на шега напиша таа со фотографијата.

По доделувањето на Греми наградите, се огласи и Мадона која истакна дека е навикната да биде мета на критики, бидејќи е така од почетокот на нејзината кариера:

– Разбирам дека сето ова е тест и среќна сум што можам да го поставам патот за да им биде полесно на сите жени зад мене во годините што доаѓаат – е дел од тогашната изјава на Мадона, пренесува „Пип“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma