Подготовката е сосема поинаква отколку со „обичните“: Како правилно се варат тестенините од ориз?

popara22 февруари, 20231min00
Testenina

Топлата вода е доволна за варење

Тестенини од ориз се основна храна во многу азиски земји и често се користат во супи, со месо и зеленчук во слатко-кисел сос итн… Имаат полесна структура од „обичните“, направени од јајца и брашно, но кога ги подготвувате, треба да знаете неколку финти.

Професионалните готвачи ги варат тестенините од ориз со едноставно потопување во топла вода (не ладна, не врела) 10-15 минути или додека не омекнат. За разлика од пченичните тестенини, не мора воопшто да ги варите, топлата вода е доволна за да се сварат.

Кога ќе омекнат, можете да ги исцедите и да додадете месо, да ги ставите во супа или друго јадење. Бидете сигурни дека тие се добро „сварени“ во топла вода пред јадење, бидејќи несварените тестенини од ориз може да бидат малку „жилави“.

Што е потребно за подготовка?

Сè што ви треба за варење на тестенините од ориз е тенџере со топла вода и цедалка. Она што многумина ги мачи при нивната подготовка е зошто не се варат како пченичните. Готвењето во зовриена вода може премногу да ги омекне и да ги направи „кашести“. Потопувањето во топла вода е понежен начин за термичка обработка, а со овој метод нема грешка!

Како знаете кога се готови?

Откако тестенините ќе се потопат 10-15 минути, треба да бидат меки и „еластични“. За тестирање, едноставно земете едно парче и загризете го – тоа треба да биде меко, но не толку меко за да се „растопи“ во устата, туку да може да се џвака. Во суштина, да се биде „ал денте“.

Што ако се премногу меки?

Ако тестенините се премногу меки, тоа значи дека сте ги задржале премногу долго во водата, па следниот пат намалете го времето на околу пет до 10 минути. Исто така, ако испаднат премногу тврди, продолжете го времето на киснење на 20 минути.

Каков вкус имаат совршените оризови тестенини?

Тестенините од ориз имаат малку сладок вкус кој добро се комбинира со различни јадења. Иако најчесто се користат во солени јадења како што е кинеската брза храна со месо и зеленчук и супи, тие можат да бидат и главната состојка во слатките десерти како што е пудинг од манго. Чувајте ги во херметички затворен сад во фрижидер до три дена или во замрзнувач до два месеци.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma