3 сериозни болести кои можат да бидат причина за лошиот здив

popara22 февруари, 20231min00
shutterstock1544327336-830x0

Непријатниот здив наутро по будењето или после јадење одредена храна е сосема нормално.

Меѓутоа, ако оваа непријатност постојано ве следи, тогаш можеби најдобро е да проверите дали е резултат на нешто посериозно.

Ако имате постојан лош здив, може да ги имате следните три здравствени состојби: коронарна срцева болест, дијабетес и гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ).

Коронарна срцева болест

Британскиот „Експрес“ пишува дека истражувачки тим со седиште во Институтот за глобално здравје во Швајцарија утврдил дека оралната бактерија „Fusobacterium nucleatum“ предизвикува болести на непцата и лош здив. Сега научниците мислат дека истата бактерија може да биде потенцијален фактор на ризик за коронарна срцева болест.

Во текот на истражувањето, научниците откриле дека антителата против споменатите бактерии се поврзани со малку зголемен кардиоваскуларен ризик.

Според истражувачите, оваа орална бактерија може да придонесе за кардиоваскуларен ризик преку зголемено системско воспаление.

Дијабетес

Дијабетесот може да биде причина за лош здив. Лекарите го поврзуваат со кетоацидоза, при која телото лачи кетони, кои имаат непријатен мирис. Ако токсините се наталожат во крвта, тие излегуваат преку пот и здив. Дијабетесот предизвикува устата да мириса на бонбони.

Ако имате прекумерна тежина, тоа може да биде и причина за лош здив. Исхраната која вклучува внесување на големи количини на млечни производи и протеини може да доведе до прекумерно лачење на амино киселини кои го поттикнуваат развојот на бактерии.

Гастроезофагеална рефлуксна болест (ГЕРБ)

Гастроезофагеалната рефлуксна болест (ГЕРБ) може да предизвика гниење на храната во стомакот, што резултира со лош здив.

ГЕРБ, или накратко рефлукс на киселина, е состојба во која желудочната киселина се враќа во хранопроводникот, па дури и во грлото, иритирајќи ги нивните мукозни мембрани.

Доколку лошиот здив не е резултат на некоја од наведените болести, применете ги следните чекори:

Најважна е правилната орална хигиена на забите и усната шуплина, но и променетата исхрана за што побрзо да се избориме со проблемот со лошиот здив. Измијте го јазикот кога ги четкате забите, користете средство за плакнење уста и редовно проверувајте го здравјето на забите.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma