НА ВОДА, ПАРЕА, ПОХУВАЊЕ… Нутриционист открива кој начин на подготовка е најздрав – важен е исто како и изборот на храна!

popara22 февруари, 20231min00
603055_kuvanje_f

Нутриционистот Јована Вучелиќ истакнува дека начинот на кој ја подготвувате храната е исто толку важен како и изборот на намирниците.

Доколку сакате да се храните здраво или да ослабете, покрај изборот и комбинирањето на храната, важно е и како ја подготвувате.

Нутриционистката Јована Вучелиќ со своите следбеници сподели која е најздравата подготовка, но и што треба да избегнувате:

ГОТВЕЊЕ ВО ВОДА

При подготвувањето на ручекот, според традицијата на нашите баби, кромидот секогаш се динстал во масло. Сега малку да го смениме начинот на подготовка и да го динстаме истиот кромид во малку вода, па стандардно да додадеме зеленчук, месо и други состојки. Ако се прашувате зошто, одговорот е затоа што сите индустриски растителни масла – сончогледово, соино се претежно полинезаситени, а колку повеќе е незаситено маслото, толку повеќе се оксидира. Ако маслото се прегрее, се ослободуваат токсични материи и слободни радикали, за кои одамна е познато дека доведуваат до бројни хронични заболувања.

ГОТВЕЊЕ НА ПАРЕА

Тоа подразбира готвење на зовриена вода, а храната подготвена на овој начин е меѓу најздравите, бидејќи ги задржува сите свои хранливи својства. Со овој метод можете да готвите практично сè – ориз, пченка, зеленчук, освен тврдото месо, бидејќи температурата е несоодветна.

ДИНСТАЊЕ

Ова вклучува готвење храна во затворен сад, на тивок оган, со додавање на здрави масти, како што е малку кокосово масло.

ПЕЧЕЊЕ ВО РЕРНА

Идеален начин на кој освен за здрава и брза подготовка на храна, времето за кое се пече храната можете да го искористите и за некои други активности и обврски

ИЗБЕГНУВАЈТЕ

Пржење, похување, пржење во длабоко масло.

И запомнете дека начинот на подготовка на храната е исто толку важен како и изборот на храна – нагласува нутриционистката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma