ХОРОСКОП ЗА 23-ТИ ФЕВРУАРИ: Важен ден за Биковите, за Рибите следи судир со блиските

popara23 февруари, 20231min00
c4a99a12618b10f2da1b6b1831dddea77fde7b25

Овен

Ја преувеличувате својата улога во сè. Свесни сте за своите квалитети, па сегашниот занес ве наведува да верувате дека сте безгрешни. Покрај тоа, вие сте нагласено романтични, па ова е денот кога, можеби, вашиот партнер најмногу ќе ужива во се.

Бик

Ова е важен ден за вас. Ви се отвора можност да ја завршите целата работа што сте ја започнале, а навечер очекувајте вести за нешто што одамна престанавте да го чекате. Реагирајте брзо, инаку нешто големо може да ви помине.

Близнаци

За секој денар треба да се работи напорно. Потпрете се единствено на своите способности, труд и жртви, само така ќе постигнете задоволувачки успех. Ќе си заминат и сите пари што ќе ви дојдат на побрз и полесен начин.

Рак

Ова е еден од оние денови кога се чини дека е најдобро да се спие. Вистинската причина за ваквото расположение лежи во тоа што ве мачи голема неодлучност, поради што не успевате да се одлучите и да донесете правилна одлука да избегнете агонија.

Лав

Вашата концентрација денес е на високо ниво. Активноста на полето на комуникациите може да ви послужи за лични цели, а особено за вашиот љубовен план. Бидете внимателни, веројатно не сфаќате дека саканата личност се обидува да ви пренесе нешто многу важно.

Девица

Настанот на денот може да биде конструктивна дискусија каде што ќе бидете вовлечени од соработници за кои не сте знаеле дека се на ваша страна. Во исто време, поддршката доаѓа од саканата личност, па на вашиот оптимизам и добро расположение нема крај.

Вага

Ве опседнува идејата да започнете приватен бизнис. Заладените односи со шефовите и лошата атмосфера во опкружувањето може да создадат тим од луѓе со кои е можен независен бизнис. Запомнете дека таму каде што владее интересот, спијат љубовта и сочувството.

Шкорпија

Околностите ве наведуваат да донесете одлука која не е во согласност со вашата природа. Подготвени сте да се жртвувате, но длабоко во себе чувствувате дека сето тоа е понижувачко за вас. Не земајте сè при срце, ако тоа е заради повисок интерес, не е страшно понекогаш да се покорите.

Стрелец

Доколку размислувате за готовински кредити, најдобро е да се откажете бидејќи подоцна ќе ве изненадат неповолни детали кои не сте ги разбрале на време. Најдобро е да ги намалите трошоците на минимум и да воведете краткорочни остри заштеди.

Јарец

Денот е обележан со напнати транзити кои навестуваат стресни ситуации од кои нема лесно да се извлечете. Нетрпеливоста сведете ја на минимум за да избегнете поголеми неволји, особено кога се во прашање врските и љубовта.

Водолија

Може да се разгорите неконтролирано, па сигурна е сериозна дискусија со непознати лица на јавно место. Можни се и контакти со луѓе од другата страна на законот. За да избегнете можни непријатности, поминете го денот во друштво на саканата личност.

Риби

Транзитите укажуваат на можноста да влезете во конфликт со вашите најблиски. Кризата во семејството може да трае доколку не се потрудите и не преземете конкретни чекори, дури и ако тие ви се непријатни. Запомнете дека тие не се ваши непријатели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma