Сигурни сигнали дека сте претерале: Знаци дека треба веднаш да ја намалите количината кафе

popara23 февруари, 20231min00
Pijenje-kafe-2048x1365

Експертите истакнуваат дека може лошо да влијае на здравјето, доколку прекумерно го консумирате

Нема сомнеж дека кафето е еден од најпопуларните пијалоци ширум светот. Некои луѓе не можат да го започнат денот без него, други уживаат да ја поминуваат паузата на работа пиејќи го, додека трети тврдат дека тоа воопшто не влијае на нивниот сон, па сакаат да го пијат пред спиење.

Сепак, колку и да е релаксирачки и пријатно, експертите истакнуваат дека може лошо да влијае и на здравјето, доколку го консумирате прекумерно, за што зборуваше и нутриционистката Наташа Ѓукиќ:

– Конзумирањето кафе нуди низа придобивки, но може да биде и штетно доколку го пиете во големи количини.

Се случува да го пиеме од навика, дури и кога немаме потреба од кафе. Истражувањата, сепак, покажуваат дека пет или повеќе шолји кафе на ден може да предизвикаат многу непријатни последици за вашето тело – вели нутриционистката и открива кои се знаците кои укажуваат дека треба да го ограничите консумирањето кафе:

Хроничен замор

Пад на енергијата

Пиење кафе во текот на целиот ден

Ви треба кафе за да се активирате

Се чувствувате вознемирено

Чести стомачни проблеми

Под стрес сте

Желба за храна

Анксиозни сте

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma