Не е доволно само да ја ставите ќесичката во топла вода: Дали знаете како правилно да направите чај?

popara23 февруари, 20231min00
shutterstock_161345039

Еден детал е клучен

Многу луѓе сакаат да пијат шолја чај наутро наместо кафе. Камилица, нане, зелен, црн – секој е различен и има посебен начин на правење, како на пример колку време треба да отстои.

Дали шеќерот го расипува вкусот или колку треба да ја оставите кесичката чај во шолјата се само дел од недоумиците. Меѓутоа, кој знае да го направи подобро од Англичаните кои пијат повеќе од 100 милиони шолји чај дневно.

Џек МекМалон од познатата британска компанија за производство на чај откри дека на многу луѓе им недостасува еден клучен дел од процесот на правење чај – а тоа е трпението. Значи, за навистина да добиете што побогат вкус на чајот, треба да го покриете со нешто, капак или чинија кога се работи за шолја.

„Ова задржува повеќе топлина и одржува константна температура, што овозможува да се развијат листовите од чајот и да се ослободат аромите“, вели Џек, откривајќи како да го подобрите вкусот на чајот. Се што треба да направите е нежно да ја промешате кесичката чај додека стои.

Но, колку долго треба да стои?

Во суштина, времето зависи од видот на чајот. Значи, ако сте љубител на црн чај, Џек предлага да ја киснете кесичката чај четири минути. Во спротивно, ако го оставите подолго, станува непријатно горчлив и лут. Вкусот на чајот се сведува и на температурата на водата. Џек открил дека слатката точка на готвење е помеѓу 95-98 степени Целзиусови.

Видот на чашата е исто така важен!

Уште една интересна работа доаѓа од Англија. Верувале или не, изборот на вистинската шолја е од витално значење за вкусот на вашиот чај.

„Изборот на вистинската шолја за одржување на топлината и ефикасно задржување без да влијае на вкусот е клучен дел од правењето вкусна шолја чај“, објасни Џек, додавајќи дека стаклото, кинескиот и обичниот порцелан се глатки материјали и нема да влијаат на вкусот на чајот..

Шеќер – да или не?

Што се однесува до ставањето шеќер во чајот, обидете се да го избегнувате, а медот е одлична замена. Дополнителниот и прекумерен внес на шеќер може да влијае на развој на дијабетес, кариес и прекумерна тежина.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma