По шамарот на Вил Смит, Академијата воведе кризен тим: Се знае и кој ќе биде домаќин на Оскарите

popara23 февруари, 20231min00
samar-osskar-830x0

„Поради минатогодишниот инцидент, ги отворивме нашите умови за многу работи што би можеле да се случат на Оскарите“, изјави Бил Крамер, извршен директор на Академијата.

Академијата за филмски уметности и науки одлучи да формира кризен тим откако актерот Вил Смит му удри шлаканица на водителот Крис Рок на минатогодишното доделување на Оскарите.

Според извештаите, тој ќе биде задолжен само за вонредни ситуации.

„Поради минатогодишниот инцидент, ги отворивме мислите за многу работи што може да се случат на Оскарите. Имаме цел кризен тим, нешто што досега не сме го имале и многу планови за различни можни сценарија. Се надеваме дека тимот ќе биде подготвен на се во случај нешто да се случи“, изјави за „Time“ Бил Крамер, извршен директор на Академијата, а пренесува „Index.hr“.

Инаку, познато е и кој ќе биде домаќин на овогодинешните Оскари. Тоа е Џими Кимел. Познатиот водител веќе се најде во оваа улога, во 2017 и 2018 година.

“Кимел е некој кој е навикнат на се што доаѓа со телевизијата во живо и е свесен дека работите не одат секогаш според планот. Кимел е водител кој знае како да се справи со тие ситуации”, вели Бил Крамер.

Овогодинешното доделување на Оскарите ќе се одржи на 13-ти март во театарот Долби во Лос Анџелес.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma